Здраво тело

Како да спречите и излечите отечени очи

Се трудите со сите сили да живеете здрав живот, да спиете редовно и внимавате што и кога јадете, но по вашите очи тоа не се забележува? Отечени се, болни, а ги имате и оние ужасни црни кругови под нив? Доколку се препознаете себеси во овој опис ви советуваме да продолжите со читање за да научите повеќе за овој проблем и да дознаете како да го елиминирате.

1.Можеби е проблем од медицинска природа

Отечени очи може да бидат симптоми на различни алергии, па дури и воспаление на црниот дроб. Ако очите ви се често пати отечени, обидете се да откриете дали е тоа причината. Алергиите може да ги предизвикаат одредени козметички производи, но и преработена храна. Доколку овој симптом го следат и иритации на кожата, грозница и тешкотии со дишење, задолжително посетете го докторот.

2.Можеби е тоа само ПМС

Добриот стар ПМС, причината за сите женски маки, помали или поголеми, па макар тоа биле икругчиња под очите. Но, не очајувајте, знаете и сами дека сето тоа ќе помине за неколку дена, а до тогаш исфрлете ја солената храна и пијте зелен чај.

 3.Едноставно сте ги наследиле

Баш како и целулитот, хемороидите и слични проблеми, можеби едноставно, сте ги наследиле. На вас сепак останува да спречите овој проблем да не се продлабочи, бидејќи генетиката не може да биде изговор за се. Научете ги корисните козметички трикови и исфрлете ја храната која не ви одговара.

4.Зголемени крвни садови, исто така, може да предизвикаат отекување

Доколку е ова случај, ви советуваме да спиете на што повеќе перници, а наутро да нанесете ладен облог да ги смири вашите очи. Истото можете да го постигнете и со разладени метални лажички.

5.Носот ви е затнат

Некои луѓе не одат во кревет без капки за нос и потполно разбираме зошто е тоа така. Веројатно сами знаете кој трик е најефикасен при вакви проблеми, па затоа продолжете со негово спроведување.

6.Хранете се здраво

Вие сте всушност она што го јадете, самоуверени, енергични, мрзливи, здрави или не баш толку здрави. Ако се грижите до вашата внатрешна и надворешна убавина, мора да внимавате што јадете. Избегнувајте масна, претерано зачинета и тешка храна. Од друга страна, обрнете внимание на нивото на железо во организмот.

7.Борете се природно во долгиот сон

Седум до осум часа сон е потреба, но ако ви се појават темни кругови, тогаш обидете се со најдоброто оружје против подочници-разладени краставици!

8.Пијте многу вода

Значи, не доволно, туку многу вода! Барем околу осум чаши дневно. Тоа е најдобриот начин да ја стимулирате циркулацијата, а воедно и еден од најдобрите методи за спречување на отеченост на очите и лицето.

9.Престанете да пушите и не пијте алкохол толку често

Ако сите други ставки од листата сте ги исфрлиле, можеби бе требало да размислите да го откачите своето „хоби“. Постојат милион причини поради кои пушењето е погубно за здравјето и убавината, а ова е само една од нив.

10.Кремата за сонце помага

Чудно звучи, но кремите со заштитен фактор можат да бидат корисни во борба против отечени очи. Една од тие улоги е да ја заштитат и сочуваат кожата околу очите и да спречат нејзино прерано стареење. Што е кожата под очите постара, толку се поголеми шансите за појавување на подочници.

11.Поминувате премногу време пред компјутер

Тешко е некому да кажете да се тргне од екранот кога работата му зависи од тоа (ние барем знаеме како е тоа : да се работи со релаксирачка маска на челото е наше секојдневие), но затоа побегнете од компјутерот во слободното време. Заменете го со книги, а игрите со готвење. Верувајте ни, делува!

12.Тргнете во контранапад

Освежите ги очите пред да легнете во кревет така што на очите ќе ставите сува разладена газа. нО, осигурајте се дека сте ја извадиле шминката!

13.Масажа на лицето е корисна

Не заборавајте на ова кога ќе одите следниот пат во салон или предложете му ја оваа терапија на вашето момче. Благи, циркуларни движења околу очите и носот овозможуваат фантастично чувство.

14.Избегнувајте ги козметичките производи на база на масло

Дали сте знаеле дека овие производи може да предизвикаат разни воспаленија и отечени очи? Не? Ако поголемиот дел од вашата козметика е на база на масло, а мака мачите со подочници, време е да го испразните вашиот несесер и да го наполните со препарати на база на вода.

15.Поздравете се со млекото и шеќерот

Покрај цигарите и алкохолот, најголеми калорични непријатели се токму шеќерот и млекото! Намалете го нивното внесување.

Напиши коментар