Art & Crafts

Како депилацијата да биде најбезболна?

Депилацијата на бикини зоната не е пријатно искуство, но повеќето жени се одлучуваат на ова бидејќи сметаат дека е убаво и хигиенски. Не може да ја направите целосно безболна, но постојат начини на кои можете да ја сведете болката на минимум.

Еден месец чекање

Веројатно веќе знаете дека депилирањето на влакната кога се мали не е ефикасно. Мора да почекате влакната да пораснат за депилацијата да биде што поуспешна. Помеѓу две депилации почекајте најмалку еден месец. Сигурно ќе имате нагон да го земете бричот и да ја поправите ситуацијата, но тогаш депилацијата нема да биде успешна.

Внимавајте на инфекции

Доколку сами ги депилирате влакната на гениталиите, бидете внимателни. Ако на некои делови од приборот пишува дека се за една употреба, тогаш не ги нанесувајте уште два или три пати. Постои опасност од насобраните бактерии и потенцијалните инфекции. Дури и доколку одите кај козметичарка, напоменете и да внимава на таквите работи и да не ви става веќе користен прибор.

Пилинг ден претходно

Направете пилинг вечерта пред депилацијата. Пилингот е потребен за да се отстранат мртвите клетки од кожата и нечистотиите за депилацијата да пројде што подобро.

Дишете длабоко

Болката не може целосно да се избегне,  но може да се ублажи со правилно дишење. Во стресни ситуации, луѓето забораваат да дишат или дишат плитко. Сетете се на ова и длабоко вдишете и издишете. Ваквиот пристап докажано делува.

Алое вера за нега

Кожата од бикини зоната по депилацијата е исклучително ќувствителна па треба да и посветите внимание и нега. Најдобро е да ја намачкате со крема или гел од алое вера коај ќе ја смири кожата. Мачкајте го делот неколку денови по депилацијата.

Write A Comment