Бисерно белите заби повеќе не се нешто невозможно, па дури и за пушачите. Јасно е дека никотинот и кофеинот се најголемите виновници за пожолтување на забите. Доколку не може да се одвикнете од овие пороци, тогаш превземете нешто со што ќе ги избелите ваште заби.
Наједноставен чекор е да ги миете забите со малку сода бикарбона. Нанесете малку од овој прав на четката за заби. Истријте ги забите, а потоа нормално измијте ги со паста за заби. Не го практикувајте ова многу често, затоа што содата ја оштетува забната глеќ.
