Долгите, густи и цврсти трепки го потполнуваат изгледот на големи очи, отворен поглед и неверојатна убавина. Освен генетиката, постојат и некои други работи кои влијаат на изгледот на трепките, а со внимателна нега можете да уживате во нивната убавина.
Во никој случај не треба да ги кратите. Верувале или не, постојат жени кои сметаат дека нивните трепки се премногу долги и не одговараат. Решението го гледаат во кратење, што е огромна грешка, бидејќи ризикувате да ги оштетите.

Доколку често ја заборавате шминката пред спиење, ќе имате проблеми. Исто како што таа влијае на порите на кожата, коренот на трепките може да се оштети и исуши. Водоотпорната маскара отстранете ја со средство соодветно за таа намена.
На чистите трепки, пред шминка или пред спиење, нанесете серум за регенерација и нега. Многу козметички куќи освен маскара, произведуваат и ваков серум. Доколку сакате нешто природно, стапче за уши натопете го во капка масло од рицинус и нанесете го на коренот на трепките се до врвот.
