Лоциран на познатата Колинс Авенија во Мајами, на саматa плажа, хотелот „1 Hotel South Beach“ е еден од најубавите хотели во овој град.
Со четири величествени базени и 426 прекрасно декорирании сместувачки единици, овој хотел е идеално место за забава и одмор.
Веднаш пред хотелот се наоѓа прекрасната чиста плажа, прекриена со златен ситен песок. На неа се наоѓаат мали ложи за гости, како и голем број на забавни активности.
Хотелот поседува и грандиозна тераса на кровот од која ќе можете да уживате во магичниот поглед на океанот и неговите бранови.
Во склоп на хотелот работи и прекрасниот „Beachcraft“ ресторан, кој е прогласен за еден од најдобрите во Мајами, а го основал познатиот готвач Том Коликио. Овде ќе најдете голем број на уникатни јадења и специјалитети.
Најдобро место каде можете да го завршите вашиот ден во овој луксузен хотел е терасата на кровот, каде исто така има бар.






