Motherhood

Како најдобро да ги измиете и дезинфицирате детските играчки?

Играчките кои често завршуваат на подот и во најскриените делови на вашиот дом, подеднакво често завршуваат и во устата на детето. Умерената изложеност на бактерии и потенцијални алергени не е лоша, но играчките повремено треба детално да се исперат.

Плишани и полнети играчки

Овој вид на играчки воедно е и најдобро место за собирање на прашината. Барем еднаш месечно би требало да ги исперете во машина за алишта, а доколку детето било болно и почесто. Не е потребна висока температура за да не се уништат играчките, а наместо детергент може да користите пола шолја сода бикарбона.

Книги и сликовници

Често забораваме дека тие се прави рудници на бактерии. Земете антибактериски марамици и добро пребришувајте ги еднаш неделно. Ако детето е во фаза кога сликовниците му се омилената грицка, правете го тоа и 3 пати неделно.

Кукли

Додека телото и облеката на куклите се едноставни за перење, косата често создава проблеми. Како да ја исчистете и дезинфицирате без да ја заплеткате? Исперете ја со сапун и исплакнете со мешавина од врела вода и малку омекнувач кој ќе го олесни расчешлувањето.

Lego коцки

Оваа играчка за мали и големи може да биде вистински извор на зараза. Лепливите коцки од истечен сок, подоцна или порано навлечат прашина и валканици. Во голема канта наточете врела вода измешана со детергент за садови и оставете ги еден час. Врелата вода ќе ги стопи маснотиите и шеќерите, па после тоа доволно е со силен млаз на тушот да ги исплакнете коцките и оставете да се исушат.

Играчки на батерии

Играчките на батерии не смеете да ги потопувате во вода, па најдобро е да ги исчистите со влажна крпа или со антибактериски марамици.

Дрвени играчки

Дрвените играчки не се препорачува да се потопуваат во вода бидејќи дрвото може да набабри, но бришењето со влажна крпа со благ раствор на детергент за садови или оцет успешно ќе ги исчисти.

Гумени играчки за капење

Мислите дека се измиени кога детето се капело? Во овие играчки често се создава мувла која може да биде опасна. Играчките натопете ги во мешавина на врела вода и оцет и оставете ги некое време.

Write A Comment