Art & Crafts

Како најлесно да ги отстраните дамките од боја за коса од кожата?

Често кога ја бојадисувате вашата коса се случува да се измачкате по лицето и да не можете да се измиете посебно ако е темна бојата за коса што ја нанесувате.

Затоа најправин пред да почнете да ја бојадисувате нанесете нешто масно како вазелин или крема за да не може бојата да впие во кожата.

Сода бикарбона и средство за миење садови. Направете хомогена смеса и ставете на тенка крпа и нежно тријте ги дамките додека не исчезнат.

Бебешкото масло е пријател на нежната кожа а непријател на дамките за боја за коса. Премачкајте ја кожата со бебешко масло и оставете го во текот на ноќта. Наредниот ден измијте го и заедно со него ќе исчезне и непријатната дамка.

Ацетонот исто може да помогне во отстранување на непријатните дамки меѓутоа треба да бидете внимателни за пределот околу очите. Ако имате чувствителна кожа подобро да не го употрербувате. Може да го користите за дамките на рацете и ноктите.

Напиши коментар