← НАЗАД НА БОЗА

Како ни се менува телото додека старееме?

Како ни се менува телото додека старееме?
920 Читања

Стареењето е една од неизбежните работи во животот. Додека старееме, се случуваат промени на телото кои се видливи однадвор, но и внатрешни промени кои се последица на стареењето. 

За да ги разберете и подобро да се справите со последиците на стареењето, ви пренесуваме мал водич за промените кои телото ги доживува.

Еве какви промени доживуваат жените додека стареат:

Кожа и коса
Првата очигледна промена се случува на кожата и косата. Косата ја губи бојата, станува седа, порозна и слаба. Кожата станува потенка и ја губи својата еластичност, па порано или подоцна се појавуваат брчки. Мускулите губат снага и флексибилност, па образите, горната усна и веѓите се спуштаат надоле.

Очи и уши
Со текот на годините, очите ја губат влажноста односно способноста за создавање солзи. Истовремено ушите стануваат потенки, а мембраните од внатрешното уво стануваат потврди.

Менопауза
Порано или подоцна секоја жена влегува во менопауза. А освен симптомите како промените на расположението, падот на естрогенот, се случуваат и други промени. Мускулната маса слабее, метаболизмот се забавува и полесно се насобираат килограми, коските стануваат потенки, слабеат когнитивните способности. Недостатокот на естрогенот влијае и на крвните садови, кардиоваскуларниот систем, еластичноста на вагината…

Срце и крвни садови
Срцето, кое е мускул, станува помалку ефикасно во пумпањето крв. Во крвните садови се таложат масти, крвните садови стануваат помалку еластични. Сите овие промени се нарекуваат тивок убиец, бидејќи можат да доведат до срцев или мозочен удар.

Дигестивниот систем
Целиот дигестивен систем се забавува. Процесот на варење на храната почнува штом ја ставите храната во уста. Така да здравјето на забите и усната шуплина и тоа како имаат влијание на целокупното варење.

Метаболизам
Метаболизмот се забавува и побрзо доаѓа до замор. Телото едноставно не може толку ефикасно да ги искористи калориите како што можело некогаш.

За да остарете што поздраво и да ги одложите овие промени, еве неколку совети:

Движете се. Кардиоваскуларните вежби во комбинација со вежби за сила ќе ги зајакнат мускулите и ќе ви помогнат да ја одржите телесната тежина. Со движењето ќе го забрзате и целиот метаболизам.

Останете активни. Ставете го вашето тело пред предизвик. Следете колку време во денот трошите на седење, возење или лежење. Потоа, споредете го ова со активностите кога сте биле млади и најдете златна средина.

Одберете здрава храна. Внимавајте што и колку јадете.

Пијте многу вода. Најмалку шест до осум чаши дневно.

Спијте доволно. Недостатокот на сон предизвикува стрес и глад.

Вежбајте го мозокот. Решавајте крстозбори, читајте, играјте друштвени игри, одговарајте на прашања од квизови. Пронајдете со хоби.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk