Motherhood

Како поминуваат првите час и 10 минути по раѓањето на бебето?

Шведски научници внимателно набљудувале 28 бебиња за да забележат низ какви промени минуваат малечките на почетокот од својот живот.

Ова истражување покажало дека новороденчињата се однесуваат многу инстинктивно кога се препуштени во првите слободни движења на своето тело и првиот контакт со мајката.

Раѓање: Бебето плаче гласно, будејќи ги на тој начин белите дробови.

2. минута: Бебето се смирува, одмара, по можност на градите на мајката.

2,5. минута: бебето првпат ги отвора очите и постепено почнува да ја мрда главата и усните.

8. минута: Почнуваат да бидат активни држејќи ги очите отворени подолго време. Ги набљудуваат очите на мајката и градите, покажуваат дека се гладни со плачење и ги насочуваат дланките кон устата.

18. минута: Повторно се одмораат после движењата за јадење.

36. минута: Почнуваат да го употребуваат сетилото за мирис и сè уште се интересираат за градите на мајката.

62. минута: Време е за првото доење. Бебињата пијат колострум – првото мајчино млеко, кое содржи бројни хранливи материи и молекули кои го зајакнуваат имунитетот. Ова рано цицање го стимулира произведувањето млеко.

70. минута: Бебињата потонуваат во длабок сон и се препуштаат на одморот.

Ова истражување е спроведено на малку деца во Шведска каде бебињата по раѓањето добиваат можност да одморат на мајчините гради и да уживаат во нејзиното прво млеко, но тоа не е привилегија за сите новороденчиња од целиот свет.

Сепак овие резултати се сметаат за показател на инстинктивното однесување на новороденчињата.

Авторите на ова истражување истакнуваат дека времето варира од бебе до бебе, а наведените минути ја покажуваат просечната вредност.

Напиши коментар