← НАЗАД НА БОЗА

Како правилно да нанесете подлога на лицето

Како правилно да нанесете подлога на лицето
1025 Читања

Секоја жена сака да изгледа природно, но со кожа која свети како филмска ѕвезда на црвениот тепих. Затоа, правилно нанесување на подлогата е основа за здрав изглед на кожата, со која може да играте со бои, нагласувате контури или едноставно со додавање малку сјај и маскара ќе бидете подготвени за излегување.

Првото правило на подлогата е кожата да биде чиста. Без оглед на тоа дали имате шминка или не, исчистете ја кожата, а потоа хидратирајте ја. Ако вашата кожа е мрсна, користете гел-крем, кој ќе ја  матира. Во секој случај, кремата најпрво втријте ја во дланкитете, загрејте и нанесете на кожата.

Подлогата нанесете ја со соодветна четка. Почнете од средината, а подлогата треба да биде што полесна, да и овозможи на кожата да дише, но, исто така да ја направи да изгледа како да не носите шминка.

Откако ќе ја нанесете подлогата, користете сунѓер за шминкање за да се отстрани вишокот.

По сите овие чекори, кои лесно се совладуваат со рутина, на ред доаѓа коректорот.

Сега е на ред пудрата, а нашиот предлог е да се користи во прав која ќе ја нанесете на четка за оние делови кои се со најмногу сјај. Само полека нанесувајте бидејќи ова е крајниот чекор и секако не сакаме да го расипеме овој прекрасен изглед со премногу прав!

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk