Децата учат од татковците како еден маж треба да се однесува кон жената и какво однесување треба жената да очекува од својот маж. Кога таткото им дава лош пример на своите деца најчесто доаѓа до емоционална злоупотреба во нивните врски кога ќе пораснат, а во потешки случаи и до физичко насилство.
Затоа е неопходно татковците да им дадат добар пример за врските на своите деца, а тоа ќе го постигнат преку следниве чекори.
– Мора да ја ценат нивната мајка. Децата го впиваат односот помеѓу нивните родители, а својата вредност ја осознаваат преку начинот на кој родителите ги почитуваат децата, и секако преку начинот на кој што родителите се ценат меѓу себе.
– Татковците треба да покажат дека можат да ги гледаат работите и од туѓа перспектива. Мора да ја покажат важноста на почитувањето на туѓото мислење, дури и кога не се сложуваат со тоа.
– Децата учат од родителите како активно да соработуваат во решавањето на проблемите и да помагаат во извршувањето на разни задачи.
– Татковците можат да им дадат добар пример на децата ако им покажат како да ги решаваат проблемите почитувајќи ги сопствените и потребите на другите.
Кога кај татковците има мотив да се направат работите подобри, децата тоа веднаш ќе го прифатат и ќе ги прифаќаат предизвиците во врските и воопшто во животот со намера да ги подобруваат работите, а не за да се одмаздуваат да ги усложнуваат.
– Сочувствувањето со мајката е неопходно. Кога децата ќе видат дека таткото сочувствува со болката или вознемиреноста на нивната мајка, така што сака да помогне и да ја заштити, но не и да ја контролира, ќе сфатат дека мајката има своја личност со свој карактер, темперамент, чувства, мислење и вредности кои се заштитени од него.
– Добриот став кон другите луѓе ќе се преслика кај децата и ќе немаат проблем да засноваат здрави врски кога ќе пораснат.
– Покажувањето на приврзаност кон мајката ќе ги направи децата да се чувствуваат заштитени и многу посигурни.
Татковците и мајките им даваат одличен пример на своите деца кога прават добри работи еден за друг, односно кога секојдневно се грижат за себе.
