До три месеци
На најраната возраст, во текот на првите три месеци, кога бебето не може само цврсто да ја држи главата, неохпдно е главата и вратот да бидат наслонети на дланката на личноста која го држи. При тоа, газето е во другата рака, а телото е во хоризонтална положба, па бебешките раце и нозе се слободни. На овој начин цврсто држете го бебето – во таа положба треба да го земате и спуштате во креветчето, а така држете го и при капење.
Од три до седум месеци
Кога бебето расте и станува потешко, оваа положба се помалку им одговара на родителите. Освен тоа, главата и вратот сега се доволно цврсти, па повеќе нема потреба да ја држите главата. Сега бебето можете да го носите во хоризонтална положба. Ова пред сè се однесува на малите кои не спијат на стомак, ниту пак се навикнати да бидат во слична позиција додека се будни. Со едната рака држете го бебешкото стомаче, другата под рамената, па детските рачиња и нозе се повторно слободни.
Носење на кук
Носење на бебе на кук го практикуваат мајките кои се често сами со детето кое има од 6 до 12 месеци, кое е поголем дел од денот будно, но несака да биде само. Додека мајките ги обавуваат секојдневните домашни работи, тие мораат да внимаваат и на детето – кое притоа сака да биде во раце. Оваа положба им овозможува на мајките да ги завршат обврските, а не може да биде штетно за бебето. Меѓутоа, оваа положба не се препоречува често, бидејќи едното раче на бебето е позади мачиниот грб, па тоа помалку ја користи. Ако често го носите вашето бебе вака и тоа на истиот колк – можете да му наштетите на бебето во неговиот развој.
Носење во “кенгур”
За да ви бидат рацете слободни, носете го детето така што тоа ќе биде во исправена положба, а грбот наслонет на вашите гради во поза како да седи. Бебето ќе биде во оваа положба кога е во “кенгур” носилката. На тој начин, вашето мало гледа сè околу него што се случува и слободно се движи, а тоа е неопходно за правилен развој. Едниствен минус овде е за родителот кој го носи, бидејќи ако бебето е тешко, најчесто страда грбот (посебно на мајките) од тежината која доаѓа од напред.
