Убавина

Каков кармин најмногу ви одговара?

Карминот e можеби наједноставната и најевтината шминка која ќе ве направи поатрактивни и која ќе ги освежи вашето лице и изглед. За момент можете да се трансформирате во убавица без многу труд и потрошено време. Доколку брзате за на состанок или доцните за на работа и немате време да се нашминкате, доволно е да ставите само кармин и ќе изгледате занесно и одморено.

Сепак, секоја боја на кармин не ѝ прилега на секоја жена! А тоа сигурно сте го забележале и на ваша кожа. Начинот на кој ќе го одберете карминот според бојата на вашата коса во голема мера ќе одреди дали ќе изгледате складно или не.

Доколку сте платинеста русокоса најдобро е да изберете нежна и блага шминка во природни нијанси, а на усните да нанесете јак црвен кармин. Светлата коса и јакиот кармин се совршен контраст, а како русокоса ќе делувате неодоливо секси со боја која им дава исполнетост на вашите усни. Дури и карминот во портокалова боја се препорачува за девојките со светла боја на коса.

2-izberete-idealna-boja-na-karmin-spored-bojata-na-vashata-kosa-www.kafepauza.mk_

За девојките и жените кои имаат темно руса коса, совршен избор би бил карминот во розова боја. Јаката розова боја не е препорачлива за сите русокоси. Најдобро им стои на оние жени кои имаат природно руса нијанса на коса. Платинестите русокоси би требало да ја избегнуваат оваа нијанса.

 

3-izberete-idealna-boja-na-karmin-spored-bojata-na-vashata-kosa-www.kafepauza.mk_

Ако имате светло кафеава коса на вашите усни може да ставите скоро сè. Од црвен и розов кармин, па сè до најнеобичните нијанси на сина, зелена, портокалова и боја на црвено вино.

4-izberete-idealna-boja-na-karmin-spored-bojata-na-vashata-kosa-www.kafepauza.mk_

Доколку имате темна боја на коса, избегнувајте ги посветлите нијанси. Најдобро е да користите мат кармини во крем нијанси, а за вечерни излегувања изберете кармин во боја на црвено вино.

5-izberete-idealna-boja-na-karmin-spored-bojata-na-vashata-kosa-www.kafepauza.mk_

Црната боја на коса исто така поддржува потемна шминка и кармини во потемни нијанси. Светлиот кармин, како и сенките за очи, може да направат да изгледате нескладно и вашето лице да изгледа претерано светло и бледо во однос на бојата на вашата коса. На усните нанесете кармин во боја на црвено вино, виолетови или темно црвени нијанси.

6-izberete-idealna-boja-na-karmin-spored-bojata-na-vashata-kosa-www.kafepauza.mk_

Црвената и огнената боја на коса се одлични за експериментирање и се препорачува да користите кармини во кафеава боја и боја на лешник.Избегнувајте ги црвените и розовите нијанси на кармин. Кармините во сите останати бои може без проблем да ги користите.

7-izberete-idealna-boja-na-karmin-spored-bojata-na-vashata-kosa-www.kafepauza.mk_

 

Напиши коментар