Високо-уличниот бренд H & M нуди многу инспирација во склоп на својата нова есен / зима 2015 спортска кампања.
Кампањата на H & M за есен и зима 2015/2016 првенствено се фокусира на хеланки, топ маици и спортски градници. Шведски бренд предлага за оваа есен при спортски активности бидете облечени во нежна палета на бои, црни-бели тонови, по некое парче розова и виолетова боја.
Колекцијата е акцентирана со спортски линии и ознаки, кои беа очигледно инспирирани од естетиката на Александар Ванг. H & M за оваа сезона покажува и спортски колекции кои се целосно обезбедени со исти принтови.
Гледајќи ги овие преубави спортски варијанти, несомнено размислуваме дека навистина е право време да се посветиме на спортски активности. Значи без разлика дали сте во потрага да се релаксирате додека практикувате јога или сакате да трчате, H & M ги опфаќа сите ваши фитнес потреби.






