Потребни состојки:
- 50 гр стопен путер
- 1 лажица брашно
- 250 мл млеко
- 1/2 лажичка ким
- 1 лажичка кари во прав
- по вкус сол и бибер
- 1 мала лажичка сушен копар
Подготовка:
Стопете го путерот и додадете го кимот, кратко пропржете и веднаш додадете брашно. Штом запршката стане бела, се прелива со топло млеко и мешајте за да се избегне создавање грутки. Зачинете со сол и црн пипер. Додадете кари и копар и нека се врие на тивок оган. Ако сосот е премногу густ, се разредува со малку млеко.
