Мојата кујна

Кинески палачинки со млад кромид

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 250g глатко брашно

* 180ml млака вода

* прстофат сол

* 4-5 парчиња млад кромид

* 1 парче млад лук

* малку мслиново масло

* малку сол

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Најпрво замесете тесто со брашното, водата и солта. Месете го тестото се додека не стане свиленкасто, а да не се лепи за рацете. Додавајте брашно по потреба додека мешате, ако тестото ви е лепливо. Кога ќе добиете убава свиленкаста топка тесто, ставете го на чинија и покријте го со чиста куинска крпа и оставете го да одмара најмалку 30 минути.

Додека тестото одмара, измијте ги лукот и кромидот, убаво избришете ги ситно исечкајте ги така што ќе преовладуваат зелени делови.

Кога тестото ќе се одмори поделете го на 5 топчиња со приближно иста големина. Прво расмесете што потенко едно од топките, малку со прстите развлечете го тестото за да добиете тенка палачинка и на неа распрскајте малку маслиново масло, размачкајте го на целата површина, потоа додадете го ситно сечканиот кромид и лук и на крај убаво посолете. Свиткајте го тестото во ролна или палачинка, а потоа од така свитканото тесто направете облик на полжав. На крај „полжавот“ убаво расмесете го тестото додека не добиете круг со дијаметар од 20-25 центриметри. Истото повторете го со сите топчиња тесто.

Кога ќе ги подготвите сите палачинки, убаво загрејте ја тавата и премачкајте ја маслиново масло. На загреана тава испечете ги палачинките, прво печејќи ги 3-4 минута па потоа на другата страна уште 2 минути, без додавање масло. Палачинките мора да добијат убава златна боја и да бидат кршкави.

Кога ќе ги испечете сите палачинки исечкајте ги на четвртини и осмини и послужете ги топли со некој слатко кисел сос. Можете да ги послужите и со ајвар, крем сирење или некоја фина зеленчукова паштета.

Write A Comment