Доколку сте една од оние невести кои сакаат класика и безвременска елеганција на својата свадба и доколку ја сакате традицијата, најдобар избор за вашата свадба секако е елегантна свадбена торта.
Елегантните свадбени торти често се во бела боја, но секако може да ги вклопите и боите кои ги избравте за целокупниот амбиент на свадбата, но мора да внимавате да бидат добро вклопени во самиот дезен на тортата. За декорација на елегантна торта најдобро е да изберете цвеќиња, но исто така често се практикуваат и торти украсени само со ленти во друга боја.
Бидејќи елегантните свадбени торти не се многу украсени, може да изберете поголема торта, а најдобро е да има три или повеќе ката. Како украси за врвот на тортата изберете монограми од вашите имиња или пак бели гулаби или традиционална фигура на младоженец и невеста, а избегнувајте ги премногу впечатливите украси, бидејќи ќе го одвлечат вниманието од самата торта.
Ви претставуваме неколку идеи за класични свадбени торти кои се надеваме дека ќе ви послужат како инспирација.










