Motherhood

Кога е најдобро да му ги дупнете ушите на вашето дете?

Доколку сакате на вашето девојченце или момче да му ги дупнете ушите, ви даваме совети како и кога тоа најсигурно да го направите.

Иако родителите сé поретко сакаат да ги дупнат ушите на новороденото бебе, сеуште знае да се случи мајките да посакаат многу рано да стават менѓушки на бебешките уши, па таа услуга ја бараат веднаш откако детето се родило. Следниот период, кога на децата им се дупнуваат ушите е после неколку месеци, кога бебето добило многу поклони од роднини и пријателите, па се наоѓаат и неколку пара менѓушки. На мајката преостанува да одлучи кои ќе ги стави на детето.

Ако тоа веќе е вашата желба и мора да биде така, препорачуваме во таквите случаи родителите да се обратат на медицинската сестра во нивната педијатриска амбуланта, која тоа ќе го направи брзо и сигурно. Важно е кожата на ушните реси како и менѓушките темелно да се исчистат и дезинфицираат како да се работи за давање на инекција. Тоа е важно поради можни појави на инфекции во случај на недоволно стерилни услови при дупнувањето.

Самиот зафат на дупнување се спроведува со подебела стерилна игла за инекции и веднаш се поставува трајна менѓушка. Во текот на следните неколку денови, потребно е секој ден увото да се протрие со алкохол, како би се исчистила раната и на тој начин би се спречила инфекција.

Што уште би требало да знаете и на што да внимавате?

  • Детското уво расте отприлика до 4. година од животот поради што дупчето за менѓушка, дупната во првата година, може да се помести од центарот. Затоа е можеби подобро да почекате со дупнувањето на ушињата.
  • Потребно е детето на почетокот после дунувањето да носи медицински менѓушки од благородни метали кои се нискореактивни и самите ја одржуваат стерилноста на раната.
  • Алергиски реакции на менѓушките сепак се можни. Доколку на местото на дупчето се појави црвенило, оток или гноен исцедок, раната измијте ја со алкохол и одете на педијатар.
  • Првите менѓушки нека бидат што помали и што поедноставни како би спречиле детето со раката да си ја потегне менѓушката или да му се заплетка менѓушката во косата, облеката или пак постелнината во креветчето.

Напиши коментар