← НАЗАД НА БОЗА

Кога е подобро да се тушираме – наутро или навечер?

Кога е подобро да се тушираме – наутро или навечер?
592 Читања

Редовното туширање е една од најзначајните хигиенски навики. Сепак, експертите велат дека постои разлика дали се туширате навечер или наутро.

Туширањето би требало да биде навика која ја практикуваме секој ден, но експертите предупредуваат дека секојдневното туширање со сапун или со гел може да ја исуши кожата, па се советува само повремено да користите такви средства за туширање, а почесто да користите само обична вода.

Но, кога треба да се тушираме? Навиките поврзани со оваа хигиенска активност често имаат и културолошка природа. Така, во Азија луѓето најчесто се тушираат навечер, додека во САД наутро.

Што е подобро? Експертите издвојуваат предности и на двете доби од денот кога станува збор за туширањето. Еве кои се тие:

Предности на утринското туширање

Туширањето наутро е подобро за луѓето со помасна и нечиста кожа, со оглед на тоа дека за време на ноќта се потиме и од кожата ни се лачи себум, па истиот останува на површината на кожата во текот на целиот ден и може да ги запуши порите. Утринското туширање ја подобрува циркулацијата, го забрзува пулсот и ја олеснува напнатоста на мускулите, па претставува одличен начин да ја намалите вкочанетоста на вратот или болката во грбот и да го започнете денот со поголем елан. Покрај тоа, утринското туширање подобро ќе ве разбуди дури и од кафето.

Предности на вечерното туширање

Туширањето во вечерните часови е потврден лек за несоница бидејќи делува смирувачки и му сигнализира на телото да почне со испуштање на мелатонин, хормон кој го поттикнува сонот. Исто така, туширањето навечер го снижува крвниот притисок и го намалува стресот, па претставува одличен начин за опуштање после напорниот работен ден или тренингот.

Уште една добра работа кога е во прашање вечерното туширање е тоа што чаршафите на кои што спиете подолго време ќе ви останат чисти. Дури и доколку се сметате за чисти, нечистотиите и мртвите клетки се насобираат на кожата, па добро е да се истурширате пред да си легнете, за истите да не навлезат преку порите додека спиете.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk