Здраво тело

Кои болести ги носи дождот, а кои маглата?

Честопати се смееме кога некој тврди дека може да ја предвиди промената на времето затоа што чувствува болка во коленото или рамото. Но, науката покажала дека во тоа нема ништо смешно. Се позачестената појава на метеоропатијата, односно здравствените тегоби предизивкани од атмосферските прилики, се препишуваат на дупките во озонската обвивка, поради кои промените на времето стануваат нагли и интензивни.

Временските промени ги погодуваат и оние кои страдаат од хронични болести. Срцевите болни, астматичарите и невролошките пациенти со изразени симптоми на главоболка, нерасположение и раздразнетост, се најчувствителни на наглите затоплувања, особено во есенските и зимските месеци. Првите симптоми обично се појавуваат еден или два дена пред промената на времето, а тоа се најчесто потиштеност, исцрпеност, слабост, зголемен крвен притисок, желба за седење дома, болки во мускулите и зглобовите, тегоби со дишењето, чувство на тежина во желудникот, како и забрзано работење на срцето. Симптомите исчезнуваат откако времето ќе се промени, но секоја промена на времето носи и различни болести.

Дожд. Кога времето е дождливо, инфекциите кои се пренесуваат преку водата се многу почести, особено оние предизвикани од бактеријата ешерихија коли, а во лето оние кои ги пренесуваат инсектите. Освен тоа, поголема е веројатноста за болести, бидејќи поради лошото расположение паѓа имунитетот, па луѓето повеќе време поминуваат во затворени простории. Високиот степен на влажност по дождот предизвикува галвоболки и проблеми со дишењето.

Магла. Таа влијае на зголемувањето на астматичните напади. Истражувањата покажале дека маглата е причина за дури 70 отсто астматични напади. Влажното време проследено со магла или дожд го зголемува ризикот од инфекции на надворешното уво. Тие се особено чести кај чуѓето кои живеат во влажни места.

Снег. Единствен облик на телесно вежбање кое го забранува американскиот кардиолог Стив Полак за срцевите болни е чистењето снег, бидејќи комбинирањето на напор и стеснувањето на крвните садови на студот, може да предизвика срцев удар. Снегот и замзрнатите површини се опасни за паѓање и кршеници.

Ветар. Ветарот има големо влијание на здравјето кај дури една третина луѓе. Ветровитото време влијае на расположението, предизвикува главоболки, депресија и несоница, а почести се и појавите на настинка, грип и воспаленија на кожата.

Бура. Доаѓањето на бура први го чувствуаат ревматичарите, бидејќи ваквото време ги интензивира болките. Дури и кај здравите луѓе оваа време може да предизвика главоболки, мигрена и промена на расположението. Нападите на астма најчесто се јавуваат еден час пред почетокот на бурата.

Write A Comment