Motherhood

Кои месеци се најдобри за зачнување на плод?

Експертите велат дека летните месеци се најдобро време за зачнување на плод.

Собирајќи податоци од претходни истражувања спроведени со 5188 мажи, италијански научници од Центарот за репродуктивно влошена состојба од Универзитетската болница во Парма, заклучиле дека јули и август се најдобрите месеци за зачнување на бебе, бидејќи подвижноста на сперматозоидите во овие месеци е најголема, и значително е поголема во споредба со зимските месеци.
Причината зошто спермата е повеќе подвижна лете, е затоа што за време на високите температури се зголемува и нивото на машкиот хормон тестостерон.

За да дојде до оплодување на јајце клетката, спермата мора да помине низ грлото на цервиксот, матката и јајцеводите. Ако раздвиженоста на спермата е намалена, потешко ќе навлезе во јајце клетките, односно помала ќе биде шансата за зачнување.

Write A Comment