Доколку сакате да бидете во што е можно помал допир со бактерии, за време на Вашата следна посета на хотел… прочитајте кои предмети би требало да ги избегнувате !!!
Истражувачите од Универзитетот во Хјустон зедоа примероци од бактерии од хотелски соби на различни локации во САД. Иако е очекувано највисоко ниво на бактерии кај WC шолјите и мијалниците, истражувачите, исто така открија и други предмети, за кои се изненадија колку бактерии имаат…
Најмногу бактерии во хотелските соби имаат далечинските управувачи и прекинувачите за светло. „ Хотелските соби не треба да бидат чисти како операциони сали, но сигурно би можело да се обрне повеќе внимание на чистотата “, тврди истражувачот Џеј Нил, микробиолог од Универзитетот во Хјустон.
„ Количината на бактерии на далечинскиот управувач во хотелската соба можеби и не е поголема од онаа која ја имаме дома, но тука е и факторот – странци, објаснвуа Нил. Собарките поминуваат околу 30 минути во секоја соба, а ако им се укаже на тоа кои делови се највалкани, времето кое ќе го поминат чистејќи, би можело да биде поефективно.
Најголемо ниво на загаденост е пронајдено на сунѓерот и крпата за бришење под. Тоа е проблем, бидејќи тоа значи дека бактериите се пренесуваат од една во друга соба. Најниско ниво на бактерии има на надглавјето на креветите, држачите за завеси и кваките на вратите од тоалетите.
Тестовите на бактерии покажале дека хотелските соби имаат за два до десет пати повеќе бактерии од она што е прифатливо во болниците. Присуството на бактерии не значи дека луѓето ќе се разболат, но веројатноста за разболување е поголема, заклучуваат истражувачите…
