Дестинации

Кои се најдобрите аеродроми во светот?

Аеродромот Чанги во Сингапур трета година по ред е прогласен за најдобар аеродром во светот, пренесува Business Insider. Резултатите се темелат според истражувањето спроведено од меѓународната агенција за истражување, Skytrax.

Годинешното рангирање на аеродроми е базирано според искуствата на повеќе од 13 милиони патници од 112 земји. Во истражувањето биле вклучени повеќе од 550 аеродроми, а во обѕир биле земени најразлични параметри како удобноста на аеродромите, локации на бањите, познавањето јазици од страна на вработените и слично.

Ова се десетте најдобри аеродроми во светот:

10. Меѓународниот аеродром во Пекинг, Кина

9. Шипхол во Амстердам, Холандија

8. Хитроу во Лондон, Англија

7. Меѓународниот аеродром во Јапонија (НГО)

6. Аеродромот во Цирих, Швајцарија

5. Меѓународниот аеродром во Токио, Ханеда

4. Меѓународниот аеродром во Хонг Конг

3. Аеродромот во Минхен, Германија

2. Инчеон во Јужна Кореја

1. Чанги во Сингапур

Write A Comment