Motherhood

Кои симптоми укажуваат дека носите близнаци?

Како може да знам дали носам близнаци? Мојот доктор вели дека симптомите на бременоста може да се влошат или да останата исти како при едно бебе. Ова ми е прва бременост, па на што треба да обрнам внимание?

Симптомите на бременост се различни кај секоја жена. Матката на жената ќе изгледа зголемена за време на прегледот во првото тримесечие, општо земено, при носење близнаци можете да имате позачестена појава на утринска мачнина, поради зголеменото ниво на хормони. Во првото тримесечие може да има и зголемено крварење, затоа што голем дел од жените го губат рано едното дете во првото тримесечие.

За сите жени е препорачливо во првото тримесечие да направат ултразвучен преглед, кој обично се прави при првата или втората посета на гинекологот, за да се провери дали имате близнаци, дали се тројки, четворки и т.н, да се провери пулсот на бебето и да се измери фетусот заради одредување на точниот датума на пораѓање.

При ултразвучен преглед, лекарот ќе види дали носите близнаци и нема да имате повеќе причина за грижа или љубопитност.

Напиши коментар