Мојата кујна

Колач од три состојки готов за 5 минути

Потребни состојки:

  • 400g квалитетно црно чоколадо
  • 400ml кондензирано млеко
  • 50g путер

Подготовка:

  1. Стопете го чоколадото заедно со путерот. Мешајте додека не добиете смеса без грутки.
  2. Додајте го кондензираното млеко и тргнете од оган. Смесата ставете ја во силиконски калапи за колачи и оставете во замрзнувач неколку часа.
  3. Можете да послужите со парчиња овошје, компот или џем.

Доколку немате слатко кондензирано млеко, можете да го подготвите на следниов начин:

  1. 1 литар кравјо млеко ставете во тенџере и оставете го да се вари на средна температура додека количината двојно не се намали. Мора постојано да мешате за да не загори.
  2. Додајте 1 лажица ванилин шеќер, ½ лажица екстракт од ванила и 150g шеќер и мешајте уште малку.
  3. Тргнете од оган и ќе имате околу 400ml готово кондензирано млеко. Оладете пред користење.

Write A Comment