Постелнината не е нешто со кое само Вие имате директна врска. Всушност, истата ја делите и со други луѓе. Прочитајте што објаснуваат клиничките микробиолози и имунолозите…
Луѓето ја менуваат постелнината, во просек, еднаш неделно, месечно или подолго. ..
Колку често треба да се менува?
Чаршафите и навлаките за перница, треба да се перат еднаш неделно, за да се елиминираат нечистотиите кои се собираат во креветот, за време на тој период. Ќе бидете побезбедни ако не го вдишувате тој материјал.
Нечистотии ??? Како чаршафите стануваат толку валкани ?
На постелнините можат да се видат бактерии, животински влакна, телесни секрети, прашина, влакна, делови од инсекти, полен, земја, песок и козметика… Со оглед на сето тоа, конечната слика е повеќе од јасна. При спиење, се потиме, а знаеме и дека повкусна е храната ако се јаде во кревет…
Дали сето тоа е штетно по здравјето ?
Тоа се пред сé, пречки за дишните патишта, но не се извори на зараза. Ако имате алергија или астма, Вашата состојба може и да се влоши.
Постои ли идеален начин за перење постелнини ?
Водата треба да биде на температура од 60 степени, што е програма за перење, на секоја машина за перење алишта. Постелнината, треба да се исуши во машина за сушење алишта на врел воздух. Тоа ги убива бактериите.
Значи, доколку переме еднаш неделно во врела вода, може да бидеме сигурни ?
Не. За да се заштити душекот, најдобро би било да се користи навлака која не пропушта. Ако го погледнете јорганот, тој е совршен за собирање нечистотии. Секојдевно, нечистотиите се собираат токму на него.
Без непропусните навлаки, Вашиот јорган би бил „ зоолошки и ботанички “ рај…
