Паровите кои се обидуваат да стигнат до улогата на родител, често се впуштаат во сексуални односи, мислејќи дека тоа ќе ја зголеми шансата за зачнување. Сепак, дали е тоа навистина така?
Компнијата “Ovulin”, која користи технологија со цел да им помогне на паровите да станат родители, направила едно интересно истражување за тоа колку често паровите имаат сексуални односи се додека зачнувањето не им успее.
Во ова истражување учествувале повеќе од сто илјади жени, односно научниците од “Ovulina”ги споредиле записите од голем број на жени кои ја користеле нивната апликација”Ovija”, која ги следи сексуалните активности на паровите, циклусот и расположението. Резултатите покажале дека идните мајки и татковци значајно повеќе време посветуваат еден на друг; тие во кревет поминуваат во просек 6,1 ден месечно, работејќи на тоа набрзо да станат родители.
Покрај тоа, било утврдено дека жителите на САД од државата Охајо обично најчесто имаат сексуални односи – дури седум дена месечно поминуваат “правејќи бебе”, а на дното од листата се паровите од Вашингтон.
Сепак, авторите на ова истражување истакнуваат дека најважно е да се биде сексуално активен за време на плодните денови, но и дека секојдневниот секс за време на плодните денови не е гаранција за успешно зачнување. Исто така, честите сексуални односи за време на неплодните денови нема да го дадат посакуваниот резултат, па затоа советуваат да се зачува енергијата за оној дел од месецот кога е поголема веројатноста дека може да дојде до зачнување.
