Забавниот дел во сезоната на отворени сандали и педикир е во тоа што кога станува збор за одбирање на боја на лак која ќе ви одговара не постојат правила. Сакате да оставите впечаток со сандали во виолето боја и жолт лак? Слободно, одлично ќе изгледате. Или, пак, порадо би се држеле до неутралните тонови?
Овие комбинации на тренди летни сандали и лакови за нокти кои совршено им прилегаат ќе ве инспирираат да го разиграте вашиот педикир. Одберете го моделот кој најмногу одговара на вашиот стил и направете своја совршена летна комбинација.
























