ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 4 поголеми компири
* 350 г мешано мелено месо
* 1 конзерва сос со цели домати
* 1/2 кафена лажичка оригано
* 150 г кашкавал или сирење (исечкани на мали коцки)
* 3 супени лажици масло за готвење
* сол и црн пипер (по вкус)
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
1.Добро измијте ги компирите со четка, боцнете ги со вилушка на неколку места и ставете ги врз хартија за печење во загреана рерна на 200 степени да се печат околу 40 минути или додека не омекнат.
2.Во меѓувреме, ставете го маслото во подлабоко тавче да се загрее. Додадете го меленото месо и пржете додека не ја смени бојата.
3.Додадете ги доматите и сосот од конзервата и мешајте, дробејќи ги доматите со вилушка додека смесата не зоврие. Пржете на умерен оган околу 6-7 минути, а потоа додадете половина од коцките кашкавал/сирење и ориганото. Зачинете со сол и црн пипер по вкус.
4.Пресечете ги компирите надолжно на половина, но не до крај, а потоа наполнете ги со смесата од мелено месо и домати. Одозгора испрскајте ги преостанатите коцки кашкавал/сирење и послужете.
