Motherhood

Компјутерот – лоша играчка за Вашето најмило!

Загрижувачко: Психолозите тврдат дека децата многу ги сакаат компјутерите бидејќи им создаваат чувство „ како да добиле домашно милениче “ !!!

Компјутерите станаа направа без која не може да се замисли функционирањето. Повеќе не е прашање дали децата смеат да го користат, туку како тоа да се контролира, колку долго и кога треба да им се дозволи да бидат пред компјутер  ?

Останатите играчки бргу им здосадуваат, додека компјутерот им дава толку многу можности за нови игри. Тој им е „ совршена играчка “, а игрите и бројните опции за цртање и сликање по екранот дозволуваат се што не им се допаѓа да избришат и се да започнат одново или едноставно се исклучуваат кога не им е до игра, без собирање фрлени коцки, боички…

Бргу ги совладуваат правилата за користење, посебно во периодот на бурен развој кога излегуваат од фаза на инстинктиво и преминуваат во фаза на сознајно, што се случува во периодот околу третата година. Многу родители се запрепастуваат како нивното тригодишно дете преку ноќ научило да го вклучува исклучува и да го користи компјутерот. Меѓутоа, иако ова е идеална прилика да добиете некоја секунда мир во куќата, премногу време пред екранот може да има многу последици. Истражувањата покажуваат дека децата се се подебели, помалку се движат, помалку се активни, што не е случај кога се играат „ обичните детски игри “.

Освен тоа, компјутерот може да предизвика и бројни физички деформитети, бидејќи децата седат пред него во неправилна положба, а предолго гледање може да го влијае и на видот. Компјутерот може да предизвика многу психички или емотивни проблеми, па најдобро е да го ограничите времето на детето пред екранот.

Всушност, не би требало да бидат подолго повеќе од 20 минути во континуитет. Кога детето тргнува во училиште, временското ограничување останува исто, но користењето може да биде почесто, со задолжителна пауза. Што се однесува до адолесцентите, кај нив е тешко да се постави било какво ограничување, па спортот понудете го како алтернатива.

Write A Comment