На трудниците не им е воопшто лесно во Лето, особено во третото тромесечје од бременоста. Високите температури и влажноста на воздухот прават трудниците во овој период да се чувствуваат уморно, тешко и тромаво…
Ако температурата на воздухот е над 30 степени Целзиусови, препорачливо е трудниците да останат дома, односно да не излегуваат. Исто така, трудниците треба да ја намалат активноста на високи температури, колку што е можно повеќе…
Ви претставуваме уште неколку корисни совети:
1. Кожата на трудниците е чувствителна и склона кон изгореници од сонце. Заштитете ја !!! Не изложувајте се премногу на сончевите зраци, особено во средината од денот. Користете заштитен фактор и секогаш носете шешир или качкет.
2.Пијте многу течности. Постојано пијте вода. Внесете во организмот и дополнителни електролити, со оглед на тоа дека трудниците постојано се потат и губат течности.
3.Избегнувајте да вежбате или да се движите по големи горештини. Најдобро е зголемените активности да ги оставите за вечерните часови.
4.При првите симтоми на умор, вртоглавица, слабост или жед, отстранете се од сонцето. Најдобро би било да ги прекинете сите активности и да се одморите. Ако и после одморот не се чувствувате добро, консултирајте се со лекар.
5.Отекувањето на нозете е чест проблем. Спасот е да ги подигнете нозете додека седите или лежите и што помалку да се движите. Исто така намалете го внесот на сол.
Што е препорачливо:
– Да лежите 30 до 60 минути дневно, на крајот од работниот ден и после ручек.
– Да ги држите нозете дигнати за време на спиење. Можете да ставите перница или пешкир под душекот во дното на креветот.
-Да носите удобна облека, најдобро, за половина број поголема.
-Да шетате наутро и навечер.
-Да ги извадите прстените.Можно е и да дојде до отекување на рацете, па најдобро би било да ги извадите сите прстени.
Што не е препорачливо:
-Да носите облека која стега, особено во пределот на половината.
-Да стоите предолго на едно место.
-Да консумирате премногу сол.
-Да земате диуретици.