Мода

Кожни здолништа – идеи од улиците на Милано и Париз

Кожните парчиња облека секогаш биле дел од нашата гардероба без разлика дали станува збор за кожни јакни или повеќе бараните здолништа.

Оваа сезона, кожата е „ин“ и се јавува како доминантен материјал на многу парчиња облека. Кожните здолништа со фалти или едноставните кратки се сепак најдобриот избор за оваа сезона,  а можете да ги најдете во сите продавници.

Овие здолништа ќе можете да ги носите и до пролет, а доколку се прашувате како ќе ги носите или со што ќе ги комбинирате, погледнете ги комбинациите на најпознатите светски трендсетерки. Тие ги комбинираат со едноставни маици, тексас кошули и волнени џемпери, а нивниот стил го надополнуваат со златни детали, цветни или леопард дизајни.

Погледнете ја галеријата со интересни идеи за тренди изглед.

slider

Write A Comment