На вашиот ден, се мора да биде совршено. Почнувајќи од невестинскиот фустан, локацијата, музиката, а секако неизбежна е и тортата. Покрај луѓето, свадбата совршена ја прават декорациите. Ориентирањето кон една специфична боја и стил, и исполнувајќи го просторот во тој стил е полниот погодок за убава свадбена прослава. Во ова влегува декорацијата на самата торта, но и нејзиното раскошно изложување.
Поставеноста на тортата многумина ја занемаруваат, но во прилог ви даваме креативни идеи како да ја направите вашата прослава уникатна. Деталите се најважни, а розите, свеќите, машните ќе ја разубават вашата торта…










