Sweet Home

Куќa на иднината : Agua House

Оваа убава куќа, која се наоѓа во Буенос Аирес, Аргентина, е дело на архитектите од “Barrionuevo Sierchuk”. Тие го направиле овој дом исклучително модерен и извонреден.

Тој е многу модерен! Но тоа не значи дека не може да биде истовремено и комфортен.

Има светли површини кои се комбинирани со мебел во меки, земни бои. Главниот фокус на проектот бил да се создаде нешто светло без да се потпира само на белата боја како боја.

Подните површини се важен дел од ентериерот во секој дом. Тие го надополнуваат и збогатуваат дизајнот, па затоа со нив треба да се пристапи со внимание и талент, како што тоа го направиле “Barrionuevo Sierchuk”.

Природните матрјали внесуваат стил и удобност во собите и зрачат со топлина. Светлите бои на подовите создаваат дополнителна декорација во собите. Тие се избрани внимателно и одговараат на целокупната замисла на ентериерот.

Градината е повеќе од раскошна, кани на незаборавен одмор покрај базенот со многу расположение и смиреност.

 

Напиши коментар