Sweet Home

Куќа од соништата

Магичната вила со поглед кон морето се наоѓа во Сиднеј и е создадена за уживање на семејството.

Куќите од соништата имаат три заеднички нешта: дизајн кој го одржува карактерот на сопственикот, удобност и специфична архитектура.

Токму затоа за оваа куќа може да се каже дека е куќа од соништата, затоа што веројатно ретки се оние на кои не би им се допаднала.

И самиот поглед од терасата кон плажата ќе освои многумина, а кога ќе се земе во предвид и работата на архитектот Луџио Росели, ретко кој би одбил да има ваква вила за себе. Чудесната тераса е “јаготката на шлагот” за архитектурата на целата куќа.

Уредувањето на внатрешноста е дело на дизајнерката Александра Хонохое, која се погрижила на сопствениците да им овозможи елегантна удобност во црно-бела визија.

Катовите од куќата се поврзани со “лебдечки” скали кои не ја попречуваат дневната светлина во просторот. Друштвените и приватните простории се состојат од интересни детали кои што ја разбиваат монотонијата на црната и белата пока.

Во надворешниот дел од имотот се наоѓа убаво уреден двор со базен, како и тераса за скара, заградена со интересни дрвени паравани.

 

Write A Comment