Мојата кујна

Лазања со модар патлиџан и пармезан

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 1 лажичка маслиново масло,

* 1 модар патлиџан (околу 0,5 кг), исечен по должина на кругови со дебелина помеѓу 0,5 см и 1 см.

* 1 тегла (26 мл) Каберне маринара сос

* 6 неварени, цели лазања нудли од пченично брашно

* 1 чаша делумно-обезмастено рикота сирење

* 1 парче (околу 100 грама) меко козјо сирење, на собна температура

* 1 / 3 чаша свежо сечкан босилек

* 1 / 4 лажиче мелен црвен пипер

* 1 / 4 чаша рендано пармезан сирење

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Загрејте ја рерната на 250 ° С. Наредете по површината на садот за печење фолија и намачкајте ја со пола кафено лажиче маслиново масло. Наредете го модриот патлиџан во еден слој на тавчето и печете 15 минути. Извадете го од рерната, затворете ги рабовите на фолијата, и оставете го модриот патлиџан да омекне од сопствената пареа.

Во меѓувреме, премачкајте четвртаст сад за печење, долг околу 20 см, со другата половина кафена лажичка маслиново масло. Измешајте го маринара сосот со пола чаша вода. Истурете половина од измешаниот сос во садот за печење. Ставете две лазања нудли врз сосот. Искршете ги нудлите за да се вклопат во садот и формирајте три реда.

Измешајте ги рикота сирењето, козјото сирење, три супени лажици сецкан босилок и црвениот пипер. Смесата обликувајте ја во кнедли кои ќе ги наредите врз нудлите. Врз кнедлите наредете тркалца модар патлиџан и прелијте со сос. Повторете го слојот, почнувајќи и завршувајќи секој пат со лазања нудлите.

Прелијте ги нудлите со преостанатиот сос и премачкајте за да ја покрие целата површина. Покријте го садот за печење со фолија и печете 45 минути на 250°С, или барем додека нудлите не омекнат а во сосот почнат да се прават меурчиња.

Откријте го садот и прекријте ја површината на лазањите со пармезан и останатиот босилек. Покријте го повторно садот со фолијата и продолжете да печете уште 5 минути се додека сирењето не се растопи. Нека постои 10 минути пред да ја исечете лазањата.

Write A Comment