Мојата кујна

Лазањи ролнички во доматен сос

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* Главичка кромид

* 3 чешнина лук

* 500 грама домати

* 2 лажици маслиново масло

* Сол и бибер и шеќер

* 8 кори за лазањи

* 2 црвени пиперки и 2 жолти пиперки

* Малку магданос и мајчина душица

* 300 грама младо сирење

* Морков

* тиквичка

* 80 грама рендан пармезан

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Излупете ги и исецкајте ги кромидот и лукот. Измијте ги доматите пресечете ги на половина и изрендајте ги, а лушпата фрлете ја.

Загрејте го маслото и додадете ги кромидот и лукот. Малку пропржете па додадете го доматот. Гответе 10-на минути. Посолете, ставете бибер и малку шеќер.

Во големо тенџере варете ги корите за лазањи 5 минути. Изладете ги со ладна вода и оставете убаво да се исцедат.

Измијте ги пиперките исчистете ги од семките и исецкајте ги на коцки. Иситнете го и магдоносот и мајчината душица. Во посебен сад промешајте го сирењето, зачините и пиперките. Посолете ги и ставете малку бибер.

Тиквичките и морковот излупете ги и исецкајте ги на тенки долги траки.

Преполовете ги по должина корите за лазањи и на секоја трака ставете тиквичка и морков, па потоа од смесата со сирење и пиперка и замотајте ги во ролничка.

Ролните редете ги во плех за печење, прелијте ги со сосот од домати и посипете со ренданиот пармезан.

Печете во загреана рерна на 180 степени околу 25 минути.

 

 

Напиши коментар