Мојата кујна

Лазањи со мелено месо и бешамел сос

ПОТРБНИ СОСТОЈКИ:

* 1 пакетче готови кори за лазањи

* 500 мл домата сос

* 300 гр кашкавал

* 1главица кромид

* 200 гр мелено месо

* 200 гр печурки

* 1 лажица сол

* 1 лажица вегета

* магдонос оригано

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

За подготовка на вкусни лазањи, потребно е во загреано тавче со масло да се исечка ситно 1 главица кромид. Откако ке се пропржи се додава меленото месо. Се пржи, а потоа се додаваат 500 мл. доматен сос и 1 лажица зачин, малку сол и малку оригано. На крај се додаваат ситно сечканите печурки и се пропржува уште неколку минути.

За подготовка на бешамел сосот потребни ви се 2 лажици маргарин кои ќе ги ставите да се растопуват во длабоко тавче. Се додаваат 2 лажици брашно. Во таа смеса постепено се додава 1/2 мл. млеко се додека не се згусне смесата. На крај се додава малку сол.

Во тава (по можност глинена или стаклен сад со капак) се редат корите од лазањитеза да се покрие дното од садот, врз редот од лазањи се додава смесата од меленото месо и бешамел сосот. На последната кора се ренда кашкавалот. Се пече во загреана рерна на 200°С, половина час, додека да добие златно румена боја.

Напиши коментар