← НАЗАД НА БОЗА

Leila Hafzi 2016 венчаници

Leila Hafzi 2016 венчаници
571 Читања

Royaye Sefid VI “Asha” – невестинска колекција

Во 1997 година, Leila Hafzi ја лансираше првата модна куќа за висока мода во Норвешка. Од тогаш па се до денес се произведуваат модели со етички и еко-свесни детали, кои ги имаат освоено бројните симпатии и почит од модната индустрија, но и  подршката од црвениот тепих.

Royaye Sefid VI “Asha” колекцијата е линија на невестински фустани и вечерни тоалети создадени во соработка со непалски занаетчии. Ваквата колекција ќе се одликува со рачно изработена свила, чипка и везени детали.

“Инспирација за колекцијата Royaye Sefid VI доаѓа од подвижните расположенија на ветерот и океанот. Расположението на природните елементи е искажана низ сложената рачна работа на занаетчиите во Катманду, Непал. Палетата на меки бои вклучува чисто бела и крем. Како и со сите Royaye Sefid колекции, тоалетите и венчаниците се достапни во светли нијански, како шампањ, светло розовата, како и повеќе варијанти на светли бои за на црвениот тепих или други важни настани .”

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk