Art & Crafts

Лековите против алергии можат да бидат опасни

Лековите против треска, алергии и проблеми со спиењето може да ја зголемат опасноста од Алцхајмерова болест, предупредуваат научниците.

Според истражувањето, употребата на некои слични лекови може да доведе до 60% зголемување на ризикот од болеста. Лековите, познати како антихолинергици, го блокираат дејството на важни хемикалии во човечкото тело, кои се одговорни за пренесување на електрични импулси помеѓу нервните клетки.

Луѓето болни од Алцхајмерова болест, имаат недостаток на овие хемикалии и не е препорачливо да употребуваат слични лекови против настинка и алергии.

Меѓу опасните лекови влегуваат и некои постари типови антидепресиви.

Според друго истражување храната со високи количини на трансолеинова киселина (како црвеното месо) доведуваат до влошување на алергиите.

Во секојдневните навики треба да се зголеми и потрошувачката на течности, најмногу вода и зелен чај. Треба да се зголеми и внесот на витамин Ц. Лекарите советуваат и редовно да се чистат облеката и постелнината каде најчесто можат да се задржат алергените.

Напиши коментар