← НАЗАД НА БОЗА

Лековито: Медот и оревите помагаат при импотенција, анемија, главоболка, чир на желудникот…

Лековито: Медот и оревите помагаат при импотенција, анемија, главоболка, чир на желудникот…
1722 Читања

Медот и орвите не можат да се споредуваат ни со најмоќните фармацевски препарати. Комбинацијата од мед и ореви претставува фантастичен природен лек.

Ние ќе ви понудиме неколку рецепти со кои достојно ќе можете да им се спротивставите на модерните болести. Рецептите се домашни, направени од мед и ореви. Мораме да нагласиме дека за нивна подготовка потребно е да користите квалитетен и природен мед.

Природен лек за анемија: Подгответе смеса од пола килограм мед, пола килограм мелени ореви и еден исцеден лимон. Конзумирајте по една лажица, 3 пати во денот.

Висок крвен притисок:  За да го намалите високиот крвен притисок секојдневно јадете по 100 грама ореви и исто толку мед.

Главоболка: Комбинацијата од мед и ореви е многу вкусна, но исто така докажано е дека помага во лекувањето на хроничните главоболки и несоница.

Чир во желудник: За подготовка на овој природен лек потребно ви е млеко од ореви и мед. Подготовката е едноставна: 20 грама мелени ореви измешајте ги со врела вода, а потоа исцедете ја водата. Во млеко ставете 2 лажици мед и исцедените ореви. Конзумирајте по 2 до 3 лажици, половина час пред секој оброк.

Импотенција: Измешајте ја иста количина на мед и ореви. Конзумирајте секојдневно, по 2-3 лажици по секој оброк. За да се постигнат посакуваните ефекти, потробно е процесот да го применувате најмалку 20 до 30 дена.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk