Пробајте го ова лесно предјадење кое освежува и ги задоволува сите сетила…
Потребни состојки:
500 гр фета сирење
50 гр маргарин
50 гр печени, несолени и излупени кикирики
2 лажици доматен сос
170 гр кашкавал
Подготовка:
Маргаринот измешајте го со фета сирењето, па таа смеса поделете ја на три дела. Во првиот дел додајте ги сецканите кикирики. Убаво измешајте и ставете го на чинија и обликувајте го. Врз него ставете го вториот дел во кој додадовте 100 гр исецкан кашкавал. На крајот во третиот дел ставете го доматниот сос во третиот дел и премачкајте. Целата торта посолете ја со рендан кашкавал.