ПОТРБНИ СОСТОЈКИ:
* 100 гр. чоколадо
* 1 филџан масло
* 2 филџани млеко
* 3 филџани шеќер
* 11-12 лажици брашно
* 1 ванилин шеќер
* 1 пециво
* 3 јајца
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Се матат белките во посебен сад заедно со шеќерот а жолчките во посебен сад. Откако ќе ги изматете убаво да се направи дебела смеса жолчките се додаваат во белките се матат додека се соединат се додава млекото, маслото, пецивото и ванилениот шеќер се матат заедно после се додава 11-12 лажици брашно и се промешува со лажица. Смесата се става во тепсија претходно намачкана со масло и посипена со брашно се става да се пече во рерна на 200′c. Чоколадата ќе ја растопете со млеко. Откако тортата ќе се олади се сечи на калапчиња и се премачкува со топла чоколада се остава чоколадата да се излади и се сервира.
