Мојата кујна

Летен, брз десерт: Крем торта со јагоди и готови кори

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 пакување готови (тенки) кори за торта

1kg јагоди

2 кисели павлаки

500g шлаг пена

200g шеќер во прав

300ml кисела вода

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Шлагот изматете го со ладна кисела вода. Додајте го шеќерот во прав, а потоа и киселата павлака. Мешајте со миксер додека не добиете крем.

Јагодите исечкајте ги на кругови, а корите раздвојте ги.

Ставете една кора во тава, а потоа ставете фил. Повторете ја постапката два пати, па наредете јагоди. Продолжете со овој редослед се додека имате материјал.

Готовата торта оставете ја во фрижидер преку ноќ или во замрзнувач неколку часа пред да ја пресечете.

Напиши коментар