Мода

Летувајте со стил ! Што треба да се најде во Вашите куфери ?

Изборот на дестинација и друштво е дефинитивно Ваш. Модниот свет сепак има делумно влијание, барем во делот на она што е актуелно и тренди… на плажа, додека патувате, за време на прошетките во местото за кое што сте се одлучиле…

Едноставно… што е она, што стилистите сметаат дека мора да го понесете со Вас за време на одморите ???

Најпрво, костим за капење. Едноделен, дводелен, ретро, шарен или со интересен принт. Ваше е да одберете. Важно е да Ви се допаѓа и да одговара на Вашата фигура. Кога е во прашање облеката за плажа, снабдете се со многу лелеави фустанчиња, кои ќе Ви бидат корисно парче и додека сте на плажа и додека седите „на кафе“ и додека се забавувате. Земете си и неколку интересни коктел фустанчиња, но и сандали на полна пета, со кои ќе шетате, без болка во нозете, а ќе изгледате прекрасно. На плажа, штитете се со големи шешири кои ќе внесат дополнителен стил и секако, снабдете се со интересна торба за плажа…

И, стилскиот дел од Вашиот одмор е службено решен… Останатото е детали. Уживајте во нив!!!

Напиши коментар