Сте се нашле ли некогаш на некоја дестинација каде што не се чувствувате ни малку добредојдени???
Сте се чувствувале ли како едноставно да не се вклопувате таму, како тоа да не е Ваш свет и како некому да пречите???
Интернет страницата специјализирана за патувања Skyscanner.com, објави попис на земјите кои се подредени по недостаток на гостопримство. Истражувањето опфати повеќе од 1200 туристи кои се нашле во споменатата ситуација, а резултатите се повеќе од интересни.
Најнепристојни земји, судејќи според резултатите на ова истражување се: Франција, Русија, Велика Британија и Германија. Со оглед на одамна стекнатата репутација дека е и по малку снобовска, не е ни чудо што Франција се најде на првото место со речиси петина од гласовите.
На второто и третото место се наоѓаат Русија и Велика Британија, со оглед на тоа дека 60% од испитаниците биле Британци. Се чини дека Британците не само што се непристојни, туку и се самокритични. Во едно истражување, Британците сами се прогласиле за најлоши туристи на светот.
Што се однесува до Русија, маркетиншката менаџерка Татјана Данилова смета дека Русија се наоѓа на второто место поради културните разлики. „ Рускиот јазик не е пристоен како англискиот, па кога Русите преведуваат директно од руски на англиски, тоа на Англичаните би можело да им звучи непристојно, иако не постоела таква намера“, кажува таа…
Америка се најде на седмото место. Веднаш после Кина. Додека Карибите, Филипините и Бразил, прогласени се за најпристојни земји.
