Art & Crafts

Лосион за лечење на акните

Акните знаат да бидат навистина здодевни и да го нарушат комплетно вашиот труд за убав изглед. За да го немате повеќе овој проблем ви ја даваме едноставната рецепта за тоа како да подготвите лосион кој набрзина ќе ги излечи вашите акни. За да го подготвите потребно ви е: една голема лажица камилица, мајчина душица, и нане. Прелијте ги билките со 150 гр врела вода и покријте го садот.

Кога ќе се излади чајот сипете го во шише и додајте му 50 мл алкохол. Во измешаната смеса сипете едно шишенце прополис. Најдобро е овој лосион да го чувате во стаклено шише. По три пати во денот чистете го лицето, и резултатот ќе ве воодушеви.

Write A Comment