Сигурно на поголемиот дел од вас им се случило со помош на анализа и толкување на соништата да стигнат до некој одговор поврзан со реалноста или пак да сонуваат сон што ја предвидува иднината. Но ова се случува само тогаш кога ќе им го посветите на соништата потребното внимание. Треба да знаете дека секој сон, колку и необично да изгледа има своја цел и значење. Ако редовно ги анализирате своите соништа, верувајте ќе извлечете голема полза од нив.
Способноста да се сонува зависи од степенот на интелект, сметаат американски научници. Нивниот експеримент бил спроведен на повеќе од 2000 души и покажува дека повеќето луѓе или не сонуваат или не си ги помнат соништата.
Само оние што покажале највисоки резултати на IQ тестовите сонуваат постојано. При тоа колку поразвиен е интелектуално човек, полку поописни и силни се неговите соништа.
По својата суштина сонот е време посветено за подредување на информацијата – мозокот ги анализира примените во текот на денот информации и решава многу задачи. Во нашиот мозок има многу центри кои сеуште не се активни и се смета дека тие функционираат само кога сонуваме. Па затоа не ги потценувајте соништата, тие заедно со потсвесниот дел од личноста ви ги нудат решенијата за сите проблеми во форма на сон.
Повеќето пророшки соништа и откритија на сон ( например Периодичниот систем на Менделеев) можат лесно да се објаснат – мозокот ги решава по време на сон поставените задачи и наоѓа излез од тешките ситуации.
Експертите велат дека ако човек не е развиен интелектуално, тој не се стреми кон решавање на било што, ништо не го интересира освен обичните битови ситуации и соодветно ретко сонува, бидејќи неговиот мозок по време на сон исто така спие, во буквална смисла на зборот.
