← НАЗАД НА БОЗА

Лукот го лечи труењето од храна многу подобро отколку антибиотиците

Лукот го лечи труењето од храна многу подобро отколку антибиотиците
513 Читања

Диалил сулфид, една од главните состојки на лукот, го штити телото од труења од храна создавајќи заштитен слој.

Клучната состојка е 100 пати подобра во борбата против труење од храна отколку антибиотиците, открило истражувањето на универзитетот во Вашингтон. Диалил сулфидот создава заштитен слој во желудникот кој што бактериите многу тешко можат да го уништат. Не само што е појак од антибиотиците туку делува веднаш.

Кампилобактер е една од најчестите бактерии кои предизвикуваат труење од храна во светот. Симптомите се пролив, грчеви, болка во желудникот и висока температура.

Инфекциите најчесто се појавуваат кога ќе се јаде недоволно печено месо или храна која се припремала на нечиста површина. Резултатите на истражувањето покажаа дека  лукот може да го смали ширењето на бактериите кои предизвикуваат труење.

Сепак тоа не значи дека е добро претерано да конзумирате лук, туку умерено и секако да се консултирате со вашиот доктор.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk