← НАЗАД НА БОЗА

Луксуз на Карибските острови – Baha Mar (Видео)

Луксуз на Карибските острови – Baha Mar (Видео)
506 Читања

Вреден 3,5 милијарди долари, овој ултра луксузен ресорт на Карибите се вика Baha Mar.

Истиот се карактеризира со чисти, бели песочни плажи и кристално, проѕирната, тиркизна вода.

„Baha Mar“ е светилиште на ексклузивитети, кои комбинираат колонијален бритaнски шарм со разновидни модерни погодности и услуги од светска класа.

Овој резорт се состои од четири луксузни хотели „Baha Mar Casino & Hotel“, „Grand Hyatt at Baha Mar“, „SLS LUX“, „Rosewood at Baha Mar“ – и поседува вкупно 2.200 соби, 284 приватни резиденции, огромно казино кое има површина од 9.300 квадратни метри, спа центар од 2.800 метри квадратни и ексклузивен терен за голф со поглед кон океанот, кој е дизајниран од страна на Џек Никлаус.

Има и повеќе од 40 ресторани, барови, лоби и ноќни клубови, феноменален простор за деловни состаноци, конференции, случувања, најпознатите бутици, како и 20 хектари плажа и базени.

Како изгледа одблизу оваа убавина која вреди да се посети, погледнете во следното видео…

baha4

baha1

baha2

baha3

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk